Достапни линкови

Палестина - израелското писмо нема да ги заживее преговорите


Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинците велат дека предлозите од израелското писмо не се доволни за оживување на мировните разговори. Пратеникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јицак Молчо, му го врачи писмото на палестинскиот претседател Махмуд Абас на средбата во Рамалах доцна во саботата. Абас вчера ја известил Палестинската ослободителна организација за предлозите од писмото, но извршниот комитет на организацијата ги отфрлил.
Палестинците бараат прво да запре проширувањето на доселеничките еврејски населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, како и признавање на граничните линии од пред војната во 1967 година, во која Израел го освои Западниот Брег од Јордан и Појасот Газа од Египет.
XS
SM
MD
LG