Достапни линкови

Обама го поздрави трансферот на безбедноста во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави најновиот трансфер на грижата за безбедност во Авганистан од страна на НАТО на авганистанските сили, велејќи дека тоа е „важен чекор напред“ кон остварување на целите во Авганистан.
Трансферот на задачите се однесува на безбедноста на 230 области во Кандахар. Предавањето на грижата за безбедноста дојде во ист ден кога еден вооружен напаѓач го уби познатиот авганистански преговарач Маулави Арсала Рахмани, кој беше член на Советот за мир на Авганситан, формиран од страна на претседателот Хамид Карзаи пред две години за да преговара со бунтовниците.
Талибанците негираат дека се вмешаност во убиството на Рахмани.
XS
SM
MD
LG