Достапни линкови

logo-print

Над 10,000 лица протестираат против Путин во Русија


Медиумите јавуваат дека над 10,000 лица излегле на марш против претседателот Владимир Путин во Русија денеска. Московската полиција, од друга страна, тврди дека на демонстрациите има 2.000 учесници, додавајки дека освен отежнат сообраќај нема позначајни проблеми. Рускиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека полицајците не интервенираат за да го растурат маршот. Многумина демонстранти носат бели ленти во знак на подршка на про-демократското движење. Протестот е еден вид подршка за повредените и уапсените активисти од демонстрациите на 7 мај, кога Путин даде свечена заклетва за трет претседателски мандат.
XS
SM
MD
LG