Достапни линкови

Петмина настрадани во поплави во Тбилиси


Петмина настрадале во Тбилиси во поплави предизвикани од обилни врнежи, соопштија грузиските власти. Грузиската агенција за кризни ситуации соопшти дека настрадале мајка со две деца, повозрасна жена и повозрасен маж. Петтемина биле заробени во зградите кои се урнале под притисок. Водата се кренала три метри над земја, сведочат жителите на главниот град на Грузија, каде низ неколку населби имало и прекини на струја. Градоначалникот на Тбилиси побара помош за жртвите на поплавите. Штетата допрва ќе се проценува.
XS
SM
MD
LG