Достапни линкови

Николиќ се предомисли за бојкотот на изборите


Опозицискиот лидер Томислав Николиќ потврди дека ќе учествува во вториот круг претседателски избори во Србија на 20 мај, покрај најавите за бојкот. Николиќ го најави бојкотот во саботата во знак на протест против наводна голема изборна измама на општите избори на 6 мај. Властите ги одбија обвинувањата на опозиционерот за наводно фалсификување на 500,000 гласови за Демократската партија на чело со актуелниот шеф на државата Борис Тадиќ. Николиќ е поранешен член на ултранационалистичката Радикална партија кој се обидува да се ребрендира во проевропски конзервативец.
XS
SM
MD
LG