Достапни линкови

Полицијата уапси 18 демонстранти во Шпанија


Полицијата во Шпанија уапси 18 демонстранти кои не го почитувале полицискиот час и преноќиле во реонот Пурта Дел Сол во Мадрид во знак на протест против владините мерки за штедење. Двајца полицајци биле повредени при обидот на полициските сили да избркаат стотици демонстранти од најголемиот плоштад во градот. Групата е дел од толпа демонстранти кои протестираа низ улиците од саботата. Полицијата соопшти дека 22,000 лица протестирале во Мадрид, додека во Барселона на улиците излегле 30,000 луѓе. Невработеноста во Шпанија се искачи на 24 проценти. Половина од младите во земјата се без работа.
XS
SM
MD
LG