Достапни линкови

Воена офанзива против милитантите во Јемен


Воените сили на Јемен влегле во офанзива против силите на терористичката Ал Каеда за освојување на окупираниот град Зинјибар. Милитантите го контролираат населеното место од минатата година. Јеменските воени власти соопштија дека рано утрово се пробиле на два фронта околу градот, при што убиле 15 милитанти. Копнената операција следи по напади на американски беспилотни летала во југот на земјата, во кои вчера загинале 11 милитанти.
XS
SM
MD
LG