Достапни линкови

Три деца загинаа во сообраќајка во Русија


Најмалку три деца загинале во сообраќајна несреќа утринава во јужниот дел на Русија, јавија властите. Училишен автобус полн со деца излетал од патот во селото Иноземтсево во регионот Ставропол. До несреќата дошло кога автобусот се обидел да претекне камион, велат од локалната полиција. Возачот на камионот не забавил поради што училишниот автобус излетал од патот во длабока бездна.
XS
SM
MD
LG