Достапни линкови

Двајца турски новинари ослободени од Сирија


Двајца новинари кои беа заробени во Сирија од Март годинава се вратија во Турција откако Иран посредуваше во преговорите за нивно ослободување. Адем Озкозе и Хамит Коскун пристигнаа во Истамбул на летот од Техеран денеска. Двајцата исчезнаа во Сирија пред повеќе од еден месец, каде бунтовниците се борат против силите на претседателот Башар ал Асад. Сведоци тврдеа дека лојалисти на претседателот ги киднапирале двајцата новинари по што турските државјани биле предадени на сиријската разузнавачка служба.
XS
SM
MD
LG