Достапни линкови

logo-print

Убиен член на авганистанскиот мировен совет


Арсала Рамани

Арсала Рамани

Непознат напаѓач застрела член на авганистанскиот мировен совет – поранешен припадник на талибанците кој стана преговарач. Атентатот претставува чекор назад во обидите на авганистанските власти со преговарање да се стави крај на војната со талибанските милитанти. Полицијата соопшти дека Арсала Рамани бил застрелан во неговото возило во Кабул. Талибанците демантираа дека се одговорни за нападот иако претходно милитантите најавија дека преговарачите им се потенцијални мети. Рамани беше еден од седумдесетмина влијателни авганистанци, поранешен талибанец, кој беше назначен од претседателот Хамид Карзаи да работи на помирување со милитантите.
XS
SM
MD
LG