Достапни линкови

logo-print

Путин размислува за зголемување на помошта за Јужна Осетија


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е можно Москва да ја зголеми помошта за отцепениот грузиски регион Јужна Осетија. Ова тој го рече на денешната средба со јужноосетискиот претседател Леонид Тибилов во градот Сочи на Црното Море. Путин рече дека помошта може да се зголеми поради безбедносните, економски и социјални проблеми со кои се соочува регионот. Москва ги призна грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија по краткотрајната руско-грузиска војна во 2008 година.
XS
SM
MD
LG