Достапни линкови

Командантот на НАТО во Авганистан во посета на Пакистан


Генерал Џон Ален

Генерал Џон Ален

Командантот на меѓународната сили во Авганистан денеска во Исламабад имаше средба со началникот на армијата на Пакистан. Тие разговарале за подобрување на безбедноста во регионот по должината на границата меѓу двете земји. Средбата на американскиот генерал Џон Ален и пакистанскиот генерал Ашваг Кајани се први разговори на високо воено ниво по пауза од една година. Разговорите ќе продолжат и утре во трипартитен формат со доаѓањето на генералот на авганистанската армија, Шер Мухамед Карими. На состанокот се гледа како на знак дека заладените односи помеѓу САД и Пакистан се подобрува.
XS
SM
MD
LG