Достапни линкови

logo-print

Состанок на ДУИ за вчерашните протести


Бујар Османи.

Бујар Османи.

Граѓаните имаат право да го изразат своето незадоволство на протести и имаат право да ги искажат забелешките за тоа како се владее, изјави Бујар Османи од ДУИ, по одражаниот состанок во партиското седиште во Мала Речица. Генералниот совет на ДУИ денеска расправаше за вчерашните протести во неколку градови во Македонија по полициската акција „Монструм“.

„Секој има право да го изрази своето незадоволство на протест се додека тоа се прави без инциденти и повредени. ДУИ е еден од основоположниците на демократијата во Македонија, така да ова секогаш ќе бидат загарантирано право за граѓаните. За нас главен фокус вчера беше протестите да бидат мирни, а граѓаните имаат право да го искажат своето мислење во демократска форма, изјави Бујар Османи.
XS
SM
MD
LG