Достапни линкови

Битолскиот нов бран ги однесе директорите со кривични пријави


Битолчани шетаат по Широк сокак.

Битолчани шетаат по Широк сокак.

Битолската опозиција бара одговорност и од битолскиот градоначалник Владимир Талески за лошата работа на разрешените директори.

Новиот бран во ВМРО-ДПМНЕ зафати петмина директори во Битола, од кои дел поднесоа оставки, а дел се разрешени. Во кадровските смени влегоа и тројцата директори на јавни претпријатија и установи против кои полицијата имаше поднесено кривични пријави или се водеше истрага од обвинителство за одредени злоупотреби. Тоа се директорт на Индустриската зона Жабени, осомничен за затајување данок во приватна фирма, директорот на Комуналец обвинет за оштетување на доверители во фудбалски клуб и директорт на старски дом кој се товари за злоупотреба на службената положба, а против кого се води и судски процес во кој е обвинет за обид за силување.
Новиот пролетен бран толку многу ја удри битолска Конкордија што таа експересно потона во немирните води. Како е возможно целиот персонал да е виновен за лошата состојба на бродот, а само капетанот да е чесен?

Бранот ја разбарнува опозицијата која смета дека одговорност треба да се бара и од градоначалникот Влдимир Талески, кој ги назначил директорите.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.


„Кој од ВМРО-ДПМНЕ ќе одговара што се поставуваа и штитеа вакви кадри? За нас ова е залажување на граѓаните и само промена на маските“, вели Оливер Николоски од СДСМ.
Луѓето се невини, но тоа ќе треба да го докажат преку институциите на системот.

​„Новиот пролетен бран толку многу ја удри битолска Конкордија што таа експересно потона во немирните води. Како е возможно целиот персонал да е виновен за лошата состојба на бродот, а само капетанот да е чесен? Град кој има 20.000 невработени, во кој спортот ги дава последните знаци на живот, во кој трговците наутро се плашат да го отворат својот дуќан, град кој должи еден милион евра кон автопревозниците, не може да ги реши овие проблеми со една смешна козметичка промена на директорските кадри кои воопшто не ја креираат локалната политика во градот“, вели Горан Милевски од ЛДП.

Талески смета дека опозицијата ја политизира ситуацијата, а дека директорите се невини.

„Убеден сум дека во сите случаи луѓето се невини, но тоа ќе треба да го докажат преку институциите на системот. Им посакувам се најубаво, благодарен сум им и нашата соработка ќе продолжи и понатаму“ вели Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG