Достапни линкови

Телефонски разговор Путин- Ахмадинеџад


Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад имале телефонски разговор за време на кој изразиле заедничка подготвеност за унапредување на руско-иранските односи, објави прес-службата на Кремљ.
Ахмадинеџад му го честитал изборот на Путин за претседател.

Москва има силни воени и економски врски со Исламската република и силно се заложи за тоа меѓународната заедница да се справат со иранската нуклеарна програма исклучиво преку преговори и дипломатски средства. На 14 мај, ирански претставници во Виена ќе имаат средба со преставници на Меѓународната агенција за атомска енергија на уште една рунда разговори за нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG