Достапни линкови

logo-print

Втора средба Груевски - Џиабао за само три недели


Премиерот Никола Груевски најави политичко-економска петдневна работна посета на Кина на која македонската делегација ќе ги презентира можностите за инвестирање пред кинеските бизнисмени. Премиерот ќе се сретне со неговиот кинески колега Вен Џиабао, што ќе биде нивна втора средба за само околу две и пол недели.

„Добро е што од страна на Кина има силна политичка поддршка за инвестирање во Македонија, а тоа го потврди премиерот минатиот пат, а со новата средба за само две и пол недели тоа ќе значи сериозно испраќање сигнал до кинеските компании кои се заинтересирани да отворат свои капацитети во Европа дека Македонија е дестинација на која можат да најдат добри услови за правење бизнис и оти Македонија е пријателска држава на Кина“, рече премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG