Достапни линкови

Лидерската средба за коалициска влада на Грција одложена за утре


И лидерот на ПАСОК, Венизелос не успеа да формира влада

И лидерот на ПАСОК, Венизелос не успеа да формира влада

Политичките лидери на Грција наместо денеска, сепак, утре ке го направат последниот обид да состават коалициска влада. Претседателот Каролос Папуљас ги повика на разговори во недела од кои аналитичарите не очекуваат резултати. Вчера лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос не успеа да состави влада поради неприфаќањето на мерките за штедење на радикалниот левичарски лидер Алексис Ципрас. Ако пропаднат и утрешните преговори, Претседателот Папуљас ќе биде принуден да распише нови избори, веројатно во Јуни. Радикалната левица, која е против пакетот помош на ЕУ и ММФ води на изборните рејтинзи во Грција. Политичката криза во Грција доведе до пад на берзите во таа земја и до пад на еврото на најниско ниво од почетокот на Јануари оваа година
XS
SM
MD
LG