Достапни линкови

Кралот Абудула отпушти конзервативен советник


Саудискиот крал Абдула, како што се јавува, го отпуштил конзервативниот советник откако тој ги критикувал реформите за олеснување на ограничувањата за жените во Саудиска Арабија. Шеик Абдул-Мохсен ал- Обеикан, бил разрешен откако за една радио станица изјавил дека е погрешно законите да добиваат прозападна боја со што на жените им се нарушува нивната природна позиција.
Кралот Абдула налути многу тврдокорни клерици во Саудиска Арабија со доделување на жените на право на глас на општинските избори во 2015 година. Саудиска Арабија останува една од повеќето репресивни земји во светот за жените на кои на пример им се забранува да возат автомобили.
XS
SM
MD
LG