Достапни линкови

Белгија за „сигурни“ земји - азил само во вонредни околности


Белгија - железничка станица во Брисел

Белгија - железничка станица во Брисел

Белгиската Влада утврди листа на седум „сигурни“ земји, меѓу кои е и Македонија, чии граѓани би можеле да добијат азил во Белгија само во вонредни околности.
Покрај Македонија, на оваа листа се вклучени и Албанија, Босна и Херцеговина, Индија, Косово, Србија и Црна Гора.
Според одлуката на Владата во Брисел, државјаните на овие седум земји што ќе поднесат барање за азил во Белгија, ќе добијат одговор на апликацијата за најдоцна 15 дена.
Белгиските медиуми наведуваат дека шансите за прифаќање на барањата на азил на државјаните на „сигурните“ земји се минимални, освен ако не станува збор за некои вонредни случаи или оконости.
Оваа листа има важност од шест месеци, по што ќе следи нејзино преразгледување.
Според белгиските власти, 18 проценти од апликациите за азил поднесни лани потекнувале од државјани на некоја од седумте земји на листата
XS
SM
MD
LG