Достапни линкови

Протести во Киев за подршка на Тимошенко


Украина - протести на 11 Мај

Украина - протести на 11 Мај

Стотици демонстранти се собраа денеска во Киев за да протестираат против режимот на Претседателот Виктор Јануковиќ и да изразат подршка на затворената екс премиерка и лидерка на опозицијата Јулија Тимошенко. Тие бараат ослободување од 7 годишната контроверзна затворска казна на Тимошенко. Вчера Претседателот на Литванија Далиа Грибаускаите го предупреди украинскиот Претседател Виктор Јануковиќ дека Украина мора да ги гарантира правата на опозиционите затвореници или ризикува да биде изолирана од Европа. Грибаускаите се состана во Киев со Јануковиќ откако ја посети затворената опозиционата лидерка Јулија Тимошенко во болница каде што се опоравува од болки во грбот и штрајкот со глад. Случајот Тимошенко довде до тоа повеќе лидери на западни земји да го бојкотираат европското првенство во фудбал кое ќе се одржува во Украина, покрај и во Полска.
XS
SM
MD
LG