Достапни линкови

Цените на индустриски производи бележат пораст на годишно ниво


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 насто на месечно ниво, а се повисоки за 3,0 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2012, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,8 насто.
Во април 2012, во споредба со април 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 8,5 насто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 5,1 насто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и во групата Капитални производи за 0,1 процент.
XS
SM
MD
LG