Достапни линкови

ЗНМ ги осуди нападите врз новинарските екипи


Здружението на новинарите на Македонија ги осудува нападите врз новинарските екипи на денешниот протест во Скопје.

„Непримерно е граѓаните кои учествуваат во јавните протести гневот да го истураат врз новинарите“, стои во соопштението од ЗНМ во кое се повикува Министерството за внатрешни работи брзо да ги идентификува напаѓачите и да преземе мерки против нив.

„Бараме од МВР да ни достават информации до каде е постапката против досегашните напади на новинари кои се случуваа во последните две години. Доколку не добиеме таква информација ќе мораме да се обратиме до меѓународните институции за да алармираме дека безбедноста на новинарите во Македонија е загрозена“, се вели во соопштение на ЗНМ.
XS
SM
MD
LG