Достапни линкови

Одобрен лек кој спречува ХИВ инфекција


Американската комисија за храна и лекови одобри прв лек кој покажува дека може да спречи инфекција од ХИВ вирусот кој предизвикува сида. Резултатите покажале дека употребата на лекот наречен Трувада го намалува ширењето на вирусот до 73 насто. Овој лек досега го користеа луѓе кои веќе биле инфицирани, но сега ќе може да го користат и здравите. Едномесечната доза ќе чини 900 долари. Критичарите сметаат дека преголемата употреба на овој лек ќе овозможи ХИВ вирусот да стане поотпорен.
XS
SM
MD
LG