Достапни линкови

Продолжуваат консултациите за нова грчка влада


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос вечер ќе се сретне со претседателот на Коалицијата на радикалната левица Сириза Алексис Ципрас. Венизелос синоќа се сретна со лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис, а денеска раговараше со лидерот на Нова демократија Адонис Самарас. Кувелис пред парламентарната група на Демократската левица изјави дека нема да учествува во владата на ПАСОК и на Нова демократија и повтори дека тој се залага за широка коалиција, но под услов да учествува и Сириза.
XS
SM
MD
LG