Достапни линкови

Протест поради навредите кон албанскиот народ


Во Скопје и во неколку други градови во Македонија се одржува протест на албанците против полициската акција Монструм. Демонстрантите, кои велат дека се организирале самоиницијативно преку социјалните мрежи, на новинарите им поделија соопштение во кое се наведува дека „протестираат за навредите кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Велат дека ја споделуваат болката на семејствата на младите убиени Македонци и бараат вистинските убијци да бидат изведени пред лицето на правдата. Демонстрантите велат дека се згрозени од албанските политички партии, односно дека заменикот министер на МВР Џељал Бајрами и портпаролот на ДУИ Бујар Османи ги легитимирале навредите врз албанскиот народ.
XS
SM
MD
LG