Достапни линкови

Брејвик гаѓан со чевел во судницата


Денешното рочиште во судот Осло против масовниот убиец Андерс Брејвик беше нарушено кога еден посматрач фрли со чевел кон него, извикувајки, - го уби брат ми, оди во пеколот. Посматрачот беше исфрлен од судот. До инцидентот дојде кога биле изнесувани доказите за последните 12 убиени од вкупно 69, колку што уби Брејвик на островот Утоја во јули 2011-та.
XS
SM
MD
LG