Достапни линкови

Орав- Организирањето протести носи и одговорности


Евроамбасадорот во Република Македонија Аиво Орав денеска во Охрид го повтори ставот на Брисел во однос најавените протести, притоа нагласувајќи ја одговорноста на поединците кои стојат како нивни организатори. Право на секој граѓанин е да протестира, но имајќи ја предвид сложената ситуација се разбира дека организирањето вакви протести носи и огромни одговорности. Уверен сум дека сите институции во државата полицијата, обвинителството успешно ја вршат работата. Мошне важно е и самите граѓани да веруваат дека институциите работат за доброто на сите, односно во интерес на правдата, а криминалците ќе ја добијат заслужената казна, рече Орав.
XS
SM
MD
LG