Достапни линкови

logo-print

Санкции за повикување на насилни протести, верска и национална омраза преку социјалните мрежи


Дирекцијата за заштита на личните податоци во врска со најавите на социјалната мрежа Facebook за организирање протести како одговор на веќе најавените протести во Македонија, ја повикува јавноста за коректно и доследно користење на социјалните мрежи за намената за која се создадени, но не и како алатка за организирање протести кои повикуваат на насилство и нарушување на државниот ред и поредок, како и средство за повикување верска, национална или расна нетрпеливост и омраза. Во денешното соопштение се наведува дека Дирекцијата, како надлежна институција за заштита на личните податоци и приватноста на граѓаните, но и за спречување и постапување против интернет злоупотреби на социјалните мрежи презема дејствија и активности за отстранување на профилите и групите кои се лажно креирани. Откривањето и санкционирањето на креаторите односно администраторите на ваквите профили и групи подразбира и поднесување кривични и прекршочни пријави, бидејќи со ваквите дела се нарушува приватноста и се злоупотребуваат личните податоци на субјектите, најчесто и преку користење на туѓи профили односно групи на социјалната мрежа „Facebook“.
XS
SM
MD
LG