Достапни линкови

Во Египет историска дебата меѓу претседателски кандидати


Амр Муса

Амр Муса

Во Египет за прв пат досега се одржа телевизиска дебата меѓу двајцата главни кандидати, од 13 колку што ќе учествуваат на претседателските избори: поранешниот министер за надворешни работи Амр Муса и Абдел Монеим Абол Фотух. На изборите кои треба да се одржат за две недели се гледа како на последна етапа од транзицијата на власта од страна на војската која ја зеде контролата во земјата по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак пред 15 месеци.
XS
SM
MD
LG