Достапни линкови

logo-print

САД се сомнева дека Иран избегнува санкции


Иран тешко може да дојде до пари од надвор, освен преку Централната банка на земјата, изјави висок американски официјален претставник. Вашингтон воведе санкции за централната банка на Иран во обид да ги смали сретствата на Техеран за развој на неговата нуклеарна програма.

Дејвид Коен, потсекретар во Министерството за тероризам и за финансиско разузнавање, изјави дека оние кои купувал нафта од Иран на крајот плаќаат на централната банка на земјата.

Иранските власти, наводно, преку овластени приватни извозници продале до 20 отсто од суровата нафта со цел да се избегнат американските санкции. Земјите кои купуваат иранската сурова нафта имаат рок до 28 јуни да намалат со увозот од таму во спротивно можат да собијат санкци од САД.
XS
SM
MD
LG