Достапни линкови

Српската прогресивна партија со најмногу места во Парламентот


Борис Тадиќ и Томислав Николиќ

Борис Тадиќ и Томислав Николиќ

Српската прогресивна партија на Томислав Николиќ освои најмногу места во Парламентот, потврди српската републичка изборна комисија врз основа на 99,76 проценти обработени гласови од изборите што се одржаа на 6 мај.

Српската прогресивна партија освои 73 пратенички места, 67 освои коалицијата „Избор за подобар живот - Борис Тадиќ“. На трето место по освоени гласови е Коалицијата Социјалистичка партија на Србија - Партија на обединетите пензионери на Србија - Единствена Србија која освои 44 мандати, а на четврто место е Демократската партија на која учествуваше самостојно на изборите и освои 21 место.
XS
SM
MD
LG