Достапни линкови

Апели за разум и одговорност пред протестите


Насилни протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смиљковци, 15 април 2012.

Насилни протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смиљковци, 15 април 2012.

За најавените нови протести за денеска и утре поврзани со петкратното убиство и апсењата во операцијата „Монструм, премиерот Никола Гриевски апелираше до граѓаните да бидат внимателнии да не влегуваат во нечии сценарија кои би го нарушиле соживотот во Македонија. Тој рече дека правото на протест е демократско и гарантирано, но секој треба да води сметка за сопствената одговорност.

Од ДУИ апелираа учесниците на денешните протести да го искажат својот став на достоинствен, мирен и демократски начин. Тие апелираа до граѓаните да имаат трпение и да им дозволат на институциите да ја завршат својата работа во случајот со петкраткното убиство.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на протестите најавени за денеска затоа што не се знаат организаторите.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната партиска трибина во Струга рече дека рачистувањето на петкратното убиство кај Смилковското езеро било предизвик за Министерството за внатреши работи и тест за општеството и покажало дека Македонија е сериозна држава.

Според неа со расчустувањето на убиството се покажало дека Македонија е сериозна држава, чии институции имаат капацитет да се справат и со најсериозните проблеми и да одговорат на најсериозните предизвици.
XS
SM
MD
LG