Достапни линкови

Меркел: Жителите на Украина и Белорусија живеат во диктаторство


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека жителите на Украина и Белорусија се уште живеат во диктаторство и се соочуваат со репресија. Изјавата на Меркел следи по хоспитализирањето на екс- премиерката на Украина Јулија Тимошенко, која речиси три недели штрајкуваше со глад во затворот во Каркив. Тимошенко е обвинета за злоупотреба на службената должност и отслужува седумгодишна казна затвор. Од друга страна, претставникот за слобода на медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ испрати апел до белорускиот претседател Александар Лукашенко да ја прекине „строгата белоруска политика кон медиумите“.
XS
SM
MD
LG