Достапни линкови

Аталај: Потпретседателот на Ирак е гостин во Турција


Судењето на Тарик ал Хашеми во Ирак беше одложено за 15 мај. Неговите адвокати бараат формирање на посебен трибунал

Судењето на Тарик ал Хашеми во Ирак беше одложено за 15 мај. Неговите адвокати бараат формирање на посебен трибунал

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави дека Турција е земја позната по своето гостопримство и дека ирачкиот потпретседател Тарик ал Хашеми е гостин и е под заштита на турските власти. „Ќе го заштитиме Хашеми и ќе со однесуваме кон него како кон гостин“ рече Аталај. Хашеми, кој моментално се лекува во Турција, избега од Ирак во декември откако шиитската влада издаде наредба за негово апсење, предизвикувајќи политичка криза во Багдад. Интерпол неделава побара помош од своите 190 земји членки за откривање и апсење на потпретседателот, кој е осомничен за „финансирање терористички напади“ во Ирак. Хашеми е највисокорангираниот државен службеник од сунитското малцинство во земјата. Обвиненијата го товарат за организирање на убиствара на неколку шиитски државни службеници.
XS
SM
MD
LG