Достапни линкови

logo-print

Петмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан


фото: архива - последниот е дел од серија напади кои се случија во провинцијата Пактика

фото: архива - последниот е дел од серија напади кои се случија во провинцијата Пактика

Бомбаши самоубијци облечени во полициски униформи убија петмина во југоистокот на Авганистан. Властите соопштија дека напаѓачите биле фатени во обид да поминат контролен пункт во провинцијата Пактика. Сите шестмина напаѓачи загинале во инцидентот, изјави шефот на полицијата Кан Задран. Бомбашите планирале напад на подрачната владина канцеларија пред да бидат сопрени на контролниот пункт. Четворица напаѓачи загинеле откако ги детонирале бомбите а двајца биле застрелани. Во инцидентот биле убиени двајца цивили и тројца полицајци.
XS
SM
MD
LG