Достапни линкови

Истрага за летот, евакуација на телата


Рускиот Сухој Суперџет 100 полета на пробен лет над неколку азиски земји. Контролата на летање изгубила контакт со пилотите по 21 минута.
Рускиот Сухој Суперџет 100 полета на пробен лет над неколку азиски земји. Контролата на летање изгубила контакт со пилотите по 21 минута.

Нема преживеани од уривањето на патничкиот авион од руско производство во Индонезија. Лошото време им ја отежнува работата на екипите на терен.

Рускиот истражен комитет најави истрага за падот на авионот марка „Сухој Суперџет 100“ кој се урна во планински предел во Индонезија со педесетина патници и членови на екипажот. Истрагата ќе се фокусира на членовите на рускиот екипаж како и подготовките за летот.

НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ
Над 1,000 лица се вклучени во екипите кои работат на терен
Над 1,000 лица се вклучени во екипите кои работат на терен
Авионот се урнал на планината Салак. Директно разговарав со надлежниот на терен и потврдено е дека местото на падот е 1,5 километар од првобитно предвиденото. Веднаш мора да се спроведе темелна истрага. Приоритет на екипите мора да биде пронаоѓање на сите патници.
Сусило Банбанг, претседател на Индонезија.

Повеќемина загинати се индонезиски државјани. Неколкумина се членови на рускиот екипаж. За сега не е јасно кои се загинатите, иако дел од медиумите шпекулираат дека станува збор за дипломати од руската амбасада, индонезиски бизнисмени и новинари. Патниците биле на промотивен лет околу неколку азиски земји.

Претставници на индонезиските спасувачки екипи велат дека евакуацијата на телата од местото на падот на авионот се одвива бавно поради лошото време. Индонезискиот претседател Сусило Банбанг изјави дека екипите ќе продолжат со работа:

„Авионот се урнал на планината Салак. Директно разговарав со надлежниот на терен и потврдено е дека местото на падот е 1,5 километар од првобитно предвиденото. Веднаш мора да се спроведе темелна истрага. Приоритет на екипите мора да биде пронаоѓање на сите патници“, рече претседателот.

Повеќе од 1.000 лица се инволвирани во операциите на терен.

НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО
Пилотот на авионот Александар Јаблонштсев фотографиран во „кокпитот“ со членовите на рускиот екипаж пред полетување на 8 мај
Пилотот на авионот Александар Јаблонштсев фотографиран во „кокпитот“ со членовите на рускиот екипаж пред полетување на 8 мај

Судејќи по медиумските извештаи, контролата на летање изгубила контакт со Сухојот, кога авионот се спуштил од 10.000 на 6.000 стапки. Летот траел 21 минута пред нагла промена на курсот по што леталото се урнало. Во резервоарите на авионот имало доволно гориво за четири часовен лет, јавуваат западните медиуми повикувајќи се на властите во Џакарта. Се вели дека за време на летот пилотите не испратиле знаци на тревога. Инспектори ги преслушуваат лентите од разговорите меѓу пилотите и контролата на летање.

НОВ МОДЕЛ НА АВИОН

​Станува збор за авион „Суперџет“ на кој има места за 100 патници. Моделот беше конструиран во 2008 година, а беше пуштен во комерцијална употреба во 2011 година. Во моментов во употреба се осум авиони од рускиот производител.

Сухој наводно примил нарачки за уште 170 авиони. Производителот се надевал дека ќе произведе 1.000 летала. Минатата година индонезиски авиопревозник одлучил да купи 12 руски авиони од овој тип.
XS
SM
MD
LG