Достапни линкови

ПАСОК ќе се стреми кон формирање европска влада


Сегрчкото социјалистичко движење ПАСОК ќе се обиде да формира влада, составена од партии со проевропска ориентација, изјави лидерот на партијата Евангелос Венизелос, кој денеска го доби последниот трет мандат за формирање коалициона влада од претседателот Каролос Папуљас, јави радио Атина. „Ќе ги вложам сите напори да биде формирана влада, што е по волја на грчкиот народ, европска со членство на Грција во еврозоната“ изјави Венизелос, чија партија го доби третото место по бројот на освоени гласови на изборите на 6 мај.
XS
SM
MD
LG