Достапни линкови

Претседателот на Литванија планира средба со Тимошенко


Кабинетот на претседателот на Литванија Далиа Грибаускатие соопшти дека шефицата на државата ќе се обиде да ја посети екс-премиерката на Украина Јулија Тимошенко во петок, која по штрајкот со глад во затвор е хоспитализирана во градот Kаркив. Тимошенко отслужува седумгодишна затворска казна обвинета за злоупотреба на службената должност. Доколку се одобри барањето за посета, Грибаускатие ќе биде првиот странски лидер кој ќе се сретне со Тимошенко од Октомври 2011 година. Подржувачите на екс-премиерот на украина тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG