Достапни линкови

logo-print

Осуда од ОН за нападите во Сирија


Сиријската државна телевизија јави дека 55 лица загинале а повеќе од 370 се повредени во двата бомбашки напади во Дамаск денеска. Медиумот смета дека станува збор за терористички напади. Портпарол на опозицискиот Сиријски национален совет го обвини режимот на претседателот Башар Ал Асад за инцидентот, тврдејки дека целта била да се заплашат претставниците на Обединетите нации и да се убеди меѓународбната заедница дека во земјата се води војна против тероризам. Специјалниот пратеник на Обединетите нации во Сирија Кофи Анан го осуди инцидентот и побара од сите страни да го запазат често игнорираното примирје, кое беше договорено минатиот месец.
XS
SM
MD
LG