Достапни линкови

Пронајдено оружје за терористички напад на Олимписките игри во Сочи


Рускиот национален анти-терористички комитет денеска соопшти дека биле конфискувани пушки, муниција и експлозиви кои биле наменети за изведување на терористички напад на олимписките игри во Сочи во 2014 година. Службениците изјавија дека оружјето било пронајдено во грузискиот сепаратистички регион Абхазија. Десетте магацини биле лоцирани минатата недела, кога биле уапсени и тројца осомничени. Властите сметаат дека зад операцијата која се планира од 2011 година стои екстремистичката исламска група Абхаз Џамат.
XS
SM
MD
LG