Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - Монструм, протести и контрапротести


Протест на Албанци во Скопје поради апсењата во операцијата Монструм.

Протест на Албанци во Скопје поради апсењата во операцијата Монструм.

Сите весници пишуваат за најавените протести на муслиманите за утре и оние на Македонците за в сабота.

Дали повторно следува викенд исполнет со националистички и верски страсти? Судејќи, барем, според медиумите. Дневник оди со наслов: „По пресметките на интернет, сите занемеа од пораките на толпата - контрапротести во седум градови на најавените исламски протести в петок, по пладневната молитва и за в сабота во Скопје, се организираат на социјалната мрежа Фејсбук“.
По пресметките на интернет, сите занемеа од пораките на толпата - контрапротести во седум градови на најавените исламски протести в петок, по пладневната молитва и за в сабота во Скопје, се организираат на социјалната мрежа Фејсбук.

Вечер само ја пренесува изјавата на претседателот Иванов дека „протестот е демократско право, но е потребна смиреност и разум за да се избегнат насилството и раздорот“.

Дн Протести на Македонци во Скопје поради убиството кај Смиљковци.

Протести на Македонци во Скопје поради убиството кај Смиљковци.

евник мошне систематично ги следи и реакциите на ДУИ и го поставува прашањето дали партијата на Ахмети политички ќе ја преживее акцијата „Монструм“ и ќе остане ли на страна на институциите, откако албанските опозициски партии и интелектуалците жестоко реагираа на полициската акција, како и по протестите за приведувањето на осомничените и за начинот на кој министерката Јанкулоска ги презентира информациите за случајот.
Сведокот прозборе - ги возев убијците пред и потоа, ама не знаев дека ќе убиваат.

Дневниот Фокус со крупни букви најавува: „Сведокот прозборе - ги возев убијците пред и потоа, ама не знаев дека ќе убиваат“.

„Првоборците и новоборците се разминаа на 9 Мај“ - насловува Утрински, забележувајќи дека Македонија, за разлика од останатиот свет, тивко и мошне скромно го одбележа Денот на победата над фашизмот, за разлика од Денот на Европа на кој му даде поголемо значење.

Речиси сите медиуми ги објавуваат маките на грчките партии што победија на изборите да формираат влада. Утрински вели: „Политичко цунами во Атина“, а Нова Македонија констатира во наслов дека „Јакнат антимакедонските сили во Грција“, откако во Парламентот влегле коалицијата на радикалната левица СИРИЗА, новите десничари Независна Грција и фашистите од Златна зора.

Ден во наслов објавува дека „Бугарија готви тивко вето“, тврдејќи дека освен Грција, и Бугарија ќе се спротивстави на можноста Македонија да добие датум за преговори на состанокот на Европскиот совет на кој се решава дали ќе се случи тоа.

„Владата вети 400 мали хидроцентрали, а досега изгрди само осум“, критикува Нова Македонија, а Утрински смета дека „Владата сака да го земе гасот и на Макпетрол да му ја експроприра гасната мрежа - Европската енергетска заедница ја предупредува за кршење на Законот, таа молчи“.

Поинаку интерпретира Дневник кој пишува за „Промени во функционирањето на гасоводниот систем - државата ќе го управува и ќе го развива гасоводот“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG