Достапни линкови

Истрага во Русија за падот на авионот во Индонезија


фотографија од „кокпитот“ на авионот „Сукои Суперџет 100“ пред да полета на тест-летот

фотографија од „кокпитот“ на авионот „Сукои Суперџет 100“ пред да полета на тест-летот

Рускиот истражен комитет најави истрага за падот на авионот марка „Сукои Суперџет 100“ кој се урна во планински предел во Индонезија со педесетина патници и членови на екипажот. Истрагата ќе се фокусира на членовите на рускиот екипаж како и подготовките за летот, кој требаше да направи тура на азиските земји. Медиумите јавуваат дека контролата на летање изгубила контакт со „Сукои“ кога леталото се спуштило од 10,000 на 6,000 стапки. Летот траел 21 минута пред нагла промена на курсот по што леталото се урнало. Спасувачките екипи во Индонезија потврдија дека нема преживеани. Повеќето патници на авионот биле од Индонезија а дел од екипажот бил од Русија. Евакуацијата на телата од планините во западниот дел на Индонезија е отежнато поради лошото време.
XS
SM
MD
LG