Достапни линкови

logo-print

Бараат 13 плати, им ветија една


Архивска фотографија, илустрација: Протест на стечајци пред влада.

Архивска фотографија, илустрација: Протест на стечајци пред влада.

Вработените од ОХИС до понеделник, за кога им е ветено дека ќе ја земат декемвриската плата, ќе знаат дали ќе го прекинат штрајкот во целост.

Откако прашината меѓу владата и ОХИС која беше крената со штрајкот спласна со тоа што на вработените им беше ветено дека ќе им биде исплатаена само една плата, а не повеќе како што бараа, без правила на игра од владата останаа уште вработените во Железница. Тие исто така бараат редовна исплата на плати, а во кој правец треба да се одвиваат разговорите треба да конкретизираат до крајот на неделава.
Луѓето имаат 3, 5, 10 или 13 неисплатени плати, тие пак исплатените плати се ниски, а мора да се плаќаат лекарските услуги од свој џеб, не може да стане збор дека некој е изманипулиран да излезе на протест, значи излегува револтот на виделина.

ОХИС, пак, ќе знаат дали ќе го прекинат штрајкот во целост до понеделник до кога ќе почекаат да ја добијат барем декемвриската плата.

Претседателот на Синдикатот за индистрија Пеце Ристевски, кој го поддржа штрајкот на вработените од ОХИС, смета дека помалите синдикати решија да го изразат незадоволството поради тоа што не земаат редовно плати, но нагласи дека постојат обиди да се манипулира со вработените и оти тоа е пракса која подолго време е присутна и произлегува од тоа што во земјава има голем процент на невработеност и осиромашени граѓани.

Би рекол дека македонскиот работник е и премногу тивок и малку населението обрнува внимание на проблемите со кои се соочуваат нашите работници.
Инсистирајќи дека вработените кои протестираа во ниту еден случај не излегле на протест или престанале со истиот бидејќи се предмет на манипулации тврди дека и овој пат не гледа причина вработените да се приклонат кон било која опција што ќе се избори за зачувување на правата на работниците на редовна плата и ќе застапува социјално економска еднаквост.

„Луѓето имаат 3, 5, 10 или 13 неисплатени плати, тие пак исплатените плати се ниски, а мора да се плаќаат лекарските услуги од свој џеб, не може да стане збор дека некој е изманипулиран да излезе на протест, значи излегува револтот на виделина.“

И експертите се уверени дека протестите се израз на незадоволство со оценка дека сепак пораката што со нив се испраќа е таква.

„Би рекол дека македонскиот работник е и премногу тивок и малку населението обрнува внимание на проблемите со кои се соочуваат нашите работници“, вели професор Здравко Савески.

На прашање дали синдикатитите сметаат на поддршка на некоја од политичките партии имајќи предвид дека за една година ќе има локални избори, Савески изјави дека политичките партии никогаш и не може да бидат статисти во социо-економските теми, но оти треба да се спречи политичката инструментализацијата на овие настани.

„Постои опасност, но никогаш не е таа толкава голема опасност за во првиот момент кога некој ќе даде политичка поддршка да се рече дека неговата намера е желба за инстументализација“, рече Савески.

На оваа тема од свој агол се огласи и претседателот на синдикатот за индистрија, Ристевски.

„Од друга страна од власта сакаат да манипулираа пред јавноста дека многу направиле за тие работници, дека треба да има трпение, пристапот е различен меѓутоа дека и едни и други сакаат да ќарат е присутен. “

Поради неисплатени плати и сини картони штрајкуваа вработените од ОХИС, а таква најава има и Железница. И пазарџиите најавија масовни протести ако УЈП не сопре да доставува решенија за наплатување данок за паушални износи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG