Достапни линкови

Нема преживеани во уривањето на авионот во Индонезија


Спасувачките екипи во Индонезија велат дека нема преживеани од уривањето на авионот марка „Сукои Суперџет“ од руска изработка кој се урна со околу 50 патници. Гагах Пракосо, претставник на спасувачките екипи, рече дека телата на патниците биле пронајдени во близина на местото на уривањето на авионот во планински регион во западниот дел на Индонезија. Тој додаде дека евакуацијата на телата со хеликоптер е отежнато од лошите временски услови. Меѓу загинатите повеќемина се индонезиски државјани но на леталото имало и руски екипаж. Авионот бил во воздух 21 минута пред нагла промена на курсот на летање по што се урнал. Причините за уривањето на леталото од класата „Суперџет 100“ не се познати.
XS
SM
MD
LG