Достапни линкови

Запален Олимпискиот оган за игрите во Лондон


Денеска во грчка Олимпија, каде што за прв пат се одржаа Олимписките игри пред 2800 години, беше запален официјалниот факел со огнот кој ќе биде пренесен во Лондон за престојните летни Олимписки игри. Традиционален обред беше изведен пред стотици гости од цел свет предводени од Претседателот на Меѓународниуот Олимписки Комитет Жак Рог. Факелот со огнот ќе мине 2900 километри и ќе патува 70 дена пред да стигне во Лондон. Лондонските Олимписки Игри треба да почнат на 27 јули.
XS
SM
MD
LG