Достапни линкови

Кризата во Грција удира врз македонските извозници


Поради економската криза, Грците помалку трошат, а тоа негативно влијае на фирмите што извезуваат кај нашиот јужен сосед.

Нестабилната состојба на економски и политички план во Грција негативно се одразува врз македонските компании кои своите производи ги извезуваат во нашиот јужен сосед, како и врз целокупната трговска соработка меѓу двете земји. Александар Попоски, кој е директор на компанија која се занимава со откуп и тровија на јагниња, како и извоз на месо, вели дека потрошувачката на нивните производи во Грција е намалена за половина во однос на минатата година.
Нестабилност има околу намалување на побарувачката, инаку околу плаќањето работиме со поголеми фирми така да немаме проблеми. Побарувачката е намалена за околу 50 насто во споредба со претходните години. Ние со нив работиме на извоз на јагнешко месо. Пред Велигден земаа многу малку роба, како и потоа, што ако се спореди со минатата година е многу помалку.

„Нестабилност има околу намалување на побарувачката, инаку околу плаќањето работиме со поголеми фирми така да немаме проблеми. Побарувачката е намалена за околу 50 насто во споредба со претходните години. Ние со нив работиме на извоз на јагнешко месо. Пред Велигден земаа многу малку роба, како и потоа, што ако се спореди со минатата година е многу помалку“, вели Попоски.
Намален извозот на јагнешко во Грција.

Намален извозот на јагнешко во Грција.


Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека Грција е еден од позначајните трговски партнери на Македонија и кризата во нашиот јужен сосед ќе има последици врз домашното стопанство.

„Нашето стопанство ќе трпи штета, особено извозната страна, затоа што се помалку грчки компании ќе увезуваат. Што се однесува до грчките инвестиции тука, тие работат како македонски компании, според нашето законодавство и мислам дека таму нема да има некакво влијание“, вели Чекреџи.

Тој додава дека македонските компании кои соработуваат со грчките, излезот од ситуацијата треба да го бараат во пронаоѓање на други трговски партнери.

„Кога не му оди добро на вашиот партнер, соработката е значително отежната. Така да нашите компании кои соработуваат со нив најверојатно веќе почнале да бараат партнери во други земји“, додава Чекреџи.

Поради ситуацијата во Грција, упатените велат дека ќе трпи и туризмот, особено пограничните градови во Македонија, кои редовно беа посетувани од страна на соседите. Од туристичките агнеции, пак, велат дека оваа година очекуваат и интересот за летување во Грција да биде намален.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG