Достапни линкови

Кремљ потврди дека Путин нема да патува за Вашингтон на Г - 8


Кремљ потврди дека новоизбраниот руски претседател Владимир Путин нема да учествува на самитот на Г – 8 во Вашингтон каде што требаше да разговара и со претседателот на САД Барак Обама. Белата куќа објави дека Путин во телефонски разговор му кажал на Обама оти има обврски да ја заврши работата околу формирањето на својот нов кабинет.
Во меѓувреме е потврдено дека новоизбраниот руски премиер Дмитри Медведев ќе учествува на Самитот на Г-8 во Мериленд на 18 и 19 мај.
Белата куќа соопшти дека Обама и Путин се договориле да се сретнат следниот месец на маргините на економскиот самит во Мексико.
XS
SM
MD
LG