Достапни линкови

Тачи - Менување на границите, најлошо сценарио


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Безбедносните случувања во Македонија потенцираат колку е кревка ситуацијата во целиот регион, наведува премиерот на Косово Хашим Тачи во коментарот за европската иднина на балканските земјите. Според него, идејата дека границите во Западен Балкан се уште можат да се прецртуваат претставува најголема закана за регионалната стабилност.

Ерата на крвави меѓуетнички војни во Западен Балкан заврши во минатиот век. Како и да е, изгледите да се осигура мирот остануваат далечни, наведува премиерот на Косово Хашим Тачи, додавајќи дека има многу причини зошто мирот и стабилноста остануваат толку кршливи во овој регион, особено на Косово. Затоа, според него, лидерите кои ги имаат искусено страшните последици на војната мора да го кренат нивниот глас.
Како и да е, начинот на размислување од минатото се уште е присутен во некои делови на регионот. Србија продолжува активно да ја поткопува косовската државност. Притоа, Србија го става под прашалник постоењето на меѓународно признатите граници на Балканот. Идејата дека границите во Западен Балкан се уште можат да бидат прецртувани претставува најголема закана за кршливата стабилност во регионот.

„Треба да обезбедиме дека не сме повторно обземени со меѓуетнички омрази од минатото. Ова е песимистичка порака, но не со цел да предизвика паника, туку да послужи како повик за будење за сите нас и особено за оние во Европската унија“, наведува косовскиот премиер Тачи.

Тој додава дека во изминативе години имало значаен успех и прогрес во Западен Балкан во однос на демократската консолидација и економски развој.


„Како и да е, начинот на размислување од минатото се уште е присутен во некои делови на регионот. Србија продолжува активно да ја поткопува косовската државност. Притоа, Србија го става под прашалник постоењето на меѓународно признатите граници на Балканот. Идејата дека границите во Западен Балкан се уште можат да бидат прецртувани претставува најголема закана за кршливата стабилност во регионот“, наведува косовскиот премиер Хашим Тачи.
Доколку земјите од Европската унија продолжуваат да го одлагаат забрзувањето на членството за сите потенцијални членки во Западен Балкан, тоа директно ќе ги поткопа нашите напори да изградиме мултиетнички општества. Исто така, одлагањето ќе ги подгрее аспирациите на радикалите за создавање моноетнички држави. Тоа би можело да води до менување на меѓународно признатите граници, односно најлошото сценарио.

Тој посочува дека Србија во изминативе недели и месеци иницирала неколку тешки провокации против Косово, како што бил нападот врз едно албанско семејство на северот на Косово при што едно лице загинало, а неколкумина биле ранети.

„Згора на тоа, последните безбедносни случувања во Македонија подвлекуваат колку е кршлива ситуацијата во целиот регион. Ваквата состојба покренува неколку прашања: Зошто уште не ја надминавме нестабилноста со што ќе ја направиме Европа побезбедна? Дали на донесувачите на одлуки во Брисел им недостига волја или моќ да го забрзаат процесот на европска интеграција за преостанатите земји од Западен Балкан? Дали донесувачите на одлуки во Унијата се свесни дека со одолговлекувањето на овој процес, тие ненамерно помагаат да се одржи во живот балканската конфликтна индустрија?“

Нема лесни одговори, но мора на луѓето на Балканот да им се стави јасно до знаење дека возот на кој се качија кон Брисел, е оној вистинскиот. Во споротивно сите ние ќе бидеме во неволја.

„Доколку земјите од Европската унија продолжуваат да го одлагаат забрзувањето на членството за сите потенцијални членки во Западен Балкан, тоа директно ќе ги поткопа нашите напори да изградиме мултиетнички општества. Исто така, одлагањето ќе ги подгрее аспирациите на радикалите за создавање моноетнички држави. Тоа би можело да води до менување на меѓународно признатите граници, односно најлошото сценарио“, оценува Тачи.

Тој додава дека членството во ЕУ е единствената надеж не само за Косово, туку и за другите на Балканот.

„Косоварите разбираат дека не е можно да се стане член на големи демократски семејства, додека им го попречуваш развојот на другите. Длабоко сум убеден дека целиот регион ќе страда доколку ЕУ мисли да ја затвори вратата за новодојденците како нас. Тоа ќе биде сериозна грешка“, наведува косовскиот премиер Хашим Тачи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG