Достапни линкови

Во Бугарија средба Бесими - Ангелов


Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска во Софија ќе оствари средба со својот бугарски колега, министерот Ањо Ангелов.
На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се очекува акцент да биде ставен на билатералната соработка во насока на идното можно воено стручно образование и обука на наши кадри во Република Бугарија, како и можноста за школување на бугарски питомци на нашата Воена академија. Истовремено, на средбата ќе бидат разгледани и отворените прашањата за регионалниот пристап и иницијативите од регионален карактер во кои членуваат двете држави, како и модалитетите и можностите на новиот концепт на НАТО, „паметна одбрана“.
За време на работната посета на соседната земја најавено е и потпишување на годишниот план за соработка меѓу двете министерства.
XS
SM
MD
LG