Достапни линкови

Министерот Попоски во посета на Луксембург


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, ќе има еднодневна посета на Луксембург, каде што ќе оствари прва билатерална средба откако е шеф на македонската дипломатија со највисоките политички преставници на земјата-оснивач на Европската унија. Министерот Попоски ќе има тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, како и со премиерот Жан-Клод Јункер кој во исто време е и претседател на еврозоната. Посетата е со цел да се разговара за тековните предизвици во делот на ЕУ, вклучително и во еврозоната.
XS
SM
MD
LG